Достапни линкови

Карзаи: готов нацртот на пактот за безбедност


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека авганистанските и американските преговарачи го завршиле нацртот на пактот за безбедност за да може да биде презентиран на Лоја Џирга, односно Големиот совет, во наредната недела. Карзаи додаде дека сепак има несогласувања меѓу Кабул и Вашингтон околу финалната содржина на документот. Тој истакна дека без одобрение од Лоја Џирга, Авганистан најверојатно нема да го потпише таканаречениот Билатерален договор за безбедност.
Спогодбата би им овозможувала на американските власти да ја задржат правната надлежност над оние војници кои ќе останат во Авганистан по повлекувањето на странските сили во идната година.
XS
SM
MD
LG