Достапни линкови

Кери го пофали напредокот на авганистанските жени


Американскиот државен секретар Џон Кери го пофали напредокот постигнат од страна на авганистанските жени и девојки во образованието, здравството и претприемништвото. Говорејќи на Универзитетот Џорџтаун, Кери и неговиот претходник, Хилари Клинтон, изјавија дека овластувањата за жените е клучот за одржување на придобивките постигнати во Авганистан по крајот на владеењето на Талибанците во 2001 година. Кери рече дека инвестирањето во авганистанските жени е најсигурниот начин да се гарантира дека Авганистан ќе ги одржи придобивките од последната деценија и никогаш повторно нема да биде засолниште на меѓународни терористи. Во моментот САД и авганистанските влади се во преговори дали да остават мал дел од американските борбени сили во Авганистан по повлекувањето на меѓународните сили во 2014 година. Кери изјави дека местото на авганистанските жени е на масата за какво било мировни преговори и дека правата на мажите и жените мора да се почитуваат подеднакво.
XS
SM
MD
LG