Достапни линкови

Полициски час во Равалпинди


Денеска во Равалпинди, кадешто во вчерашните судири за време на верска поворка загинаа осум лица е прогласен полициски час. Насилството започнало кога шиитските муслимани кои го слават празникот Ашура ги посетиле сунитските џамии и притоа извлекле најмалку две лица кои на улиците биле претепани до смрт. Шиитите изјавија дека сунитите извикувале навреди кон нив. Најмалку 34 лица, многу од нив полицијајци биле повредени додека се обидувале да го спречат насилството во Равалпинди, во близина на Исламабад. Неколку продавници во близина на џамијата исто така биле запалени. Ашура го чествува седмиот век од смртта на внукот на пророкот Мухамед, Хусеин. Конфликтот меѓу сунитите и шиитите датира од тоа време. Помеѓу 5 и 20 проценти од Пакистанците се шиитските муслимани.
XS
SM
MD
LG