Достапни линкови

logo-print

Смртна казна поради парична измама во Виетнам


Поранешен виетнамски банкар и неговиот соработник се одудени на смртна казна поради измама од 25 милиони долари, јавуваат виетнамските медиуми. На судењето кое траело осум дена, казна затвор им е пресудена на девет лица поради кршење на правилата на работа. Должината на затворската казна се движи од три до четиринаесет години. Државната телевизија соопштува дека казната им е изречена поради парична измама, лошо раководење и злоупотреба на службената должност што пак имало сериозни последици за земјата во која власта води одлучна борба против корупцијата.
XS
SM
MD
LG