Достапни линкови

Претседателот на Таџикистан положи заклетва


Имомали Рахмон денеска положи свечена заклетва за неговиот четврти мандат како претседател на Таџикистан. Церемонијата се одржа во парламентот на земјата. Рахмон беше реизбран во ноември на шестите по ред претседателските избори и освои повеќе од 83 проценти од гласовите. Победата му донесе нов седумгодишен мандат на функцијата по 21 година на власт. Набљудувачите на ОБСЕ изјавија дека на изборниот циклус му недостигал плурализам и вистински избор. Рахмон се кандидираше против пет помалку познати и во голема мера лојални кандидати откако неговиот единствен сериозен конкурент од опозицијата беше дисквалификуван. Владата на Рахмон наиде на критики за нејзиното казнување на дисидентите и неговата цврста контрола врз медиумите.
XS
SM
MD
LG