Достапни линкови

logo-print

Одобрен планот за уништување на хемиското оружје


Надзорното тело за забрана на хемиското оружје го одобри формалниот план за уништување на хемиското оружје на Сирија и покрај тоа што Албанија го одби барањето за уништување на оружјето на нејзина територија.
Организацијата за забрана на хемиското оружје донесе формален план, но не соопшти каде ќе биде однесен уништениот арсенал оружје.
Сирија соопшти дека сака уништененото оружје да биде однесено надвор од земјата која е во граѓанската војна.
Претходно, албанскиот премиер, Еди Рама, соопшти дека е невозможно Албанија да учествува во оваа операција особено по граѓанските протести.
САД првично побара од Албанија оружјето да биде уништено на нејзината територија. Портпаролката на американскиот Стејт Департмен Џен Псаки изјави дека одлуката нема да се одрази на американско-албанските односи.
XS
SM
MD
LG