Достапни линкови

logo-print

Во Албанија нема да се уништува сириското хемиско оружје


Владата на Албанија го отфрли американското барање за уништувањето на сириското хемиско оружје на нејзина територија.

Во Албанија нема да се уништува сириското хемиско оружје, зашто тоа е невозможно, изјави премиерот Еди Рама со што стави крај на дилемите и масовните протести кои ја зафатија речиси целата земја.

Неговата изјава бурно беше поздравена од илјадниците насобрани граѓани пред Владата. Имено, информациите дека власта со евентуална американска финансиска подршка би можела ова да го дозволи предизвика жестоки реакции на граѓаните на Албанија.
На масовните протести во Тирана и во многу градови во Албанија учествуваа граѓани, ученици, студенти, кои категорично се против, како што велат, смрт за нацијата.

Албанија нема да се вклучи во уништувањето на сириското хемиско оружје, зашто зашто тоа е невозможно. Обврзани сме да бидеме покрај сојузниците како што е САД. Сакам да знаете дека никогаш нема да ја повредам иднината на нацијата“,

истакна Рама.



Тој објасни дека Албанија, како земја-членка на НАТО и потписника на Резолуцијата за Сирија стои зад партнерите кои го поддржуваат мирот и демократијата во светот.

Пред обраќањето на премиерот за безбесноста пред Владата беа ангажирани специјалните единици за брзи интервецнии, кои беа на прв степен на готовност.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG