Достапни линкови

Албанија го отфрли барањето за уништување на сириското оружје


Владата на Албанија го отфрли американското барање за уништувањето на сириското хемиско оружје на нејзина територија. Информациите дека власта со евентуална американска финансиска подршка би можела ова да го дозволи предизвика жестоки реакции на граѓаните на Албанија, јави Радио Слободна Европа.
На масовните протести во Тирана и во многу градови во Албанија учпествуваа граѓани, ученици, студенти, кои категорично се против, како што велат, смрт за нацијата.
Албанската опозиција предводена од демократите, која е против уништувањето на сириското хемиско оружје да биде во Албанија, донесе одлука на протестите да не присуствува ни еден пратеник или партиски функционер, со цел тие да не добијат политичка конотација.
XS
SM
MD
LG