Достапни линкови

logo-print

И Хрватскиот дефицит под лупата на ЕУ


Влада на Хрватска

Влада на Хрватска

Европската комисија ќе предложи отворање постапка за прекумерен дефицит против Хрватска, која неодамна се приклучи во ЕУ. Хрватска во 2012 година регистрира буџетски дефицит од пет проценти, а нејзиниот долг изнесуваше 55,5 проценти од бруто домашниот производ.
Европскиот пакт за стабилност и раст, границата на дефицитот ја фиксира на три проценти, а на долгот на 60 проценти. Според плановите на хрватската влада и есенските прогнози на Европската комисија, буџетскиот дефицит на Хрватска во периодот 2013-2015 година се очекува да остане над прагот од три проценти, додека државниот долг во 2014 година се очекува да надмине 60 проценти, соопшти Европската комисија.
XS
SM
MD
LG