Достапни линкови

Средба Меркел - Самарас на 22 ноември


Грчкиот премиер Андонис Самарас следната недела во Берлин ќе се сретне со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Портпаролот на Маркел, Штефен Зајберт изјави дека Самарас на 22 ноември ќе има работен ручек со германската канцеларка.

Самарас ќе има обраќање и на бизнис конгресот во Берлин.

Како што е познато неодамна Меркел се состана со посредникот на ОН во спорот за името Метју Нимиц.
XS
SM
MD
LG