Достапни линкови

logo-print

Министерот Попоски за успесите нa македонската дипломатија


Oбновената 5 - та по ред препорака за почеток на пристапните преговори со ЕУ и изборот за членка на Советот за човекови права на ОН се клучните постигнувања во надворешната политка на Македонија за 2013 година. Ова го изјави министерот за надворешна политика Никола Попоски при денешното годишно излагање за актуелните прашања од областа на надворешната политика во собраниската Комисија за надворешна политика.
За 2014 година, рече Попоски, ќе биде многу динамична со ангажирање на сите потенцијали и ќе биде фокусирана кон стратешките цели - членството во НАТО и ЕУ. Тааа меѓу другото опфаќа зајакнување на активностите во европските земји и со земјите стратегиски партнери како САД, но и со Русија и Кина.
Пратеникот од СДСМ Игор Ивановски оцени дека МНР е прилично невидливо во креирањето на надворешната политика иако тоа е негова надлежност, и оти столбот не е тоа туку кабинетот на премиерот. Тој побара од министерот Попоски да прецизира каде е земјата во однос на евроинтеграцијата и покрај познатиот проблемот со јужниот сосед, бидејќи рече Извештајот на ЕК нотира и сериозни проблеми во внатрешното функционирање на земјата.
XS
SM
MD
LG