Достапни линкови

Протестите во Албанија се интензивираа


Масовните протести во Тирана и во многу градови во Албанија, против уништувањето на сириското хемиско оружје во земјата, продолжуваат и денеска. Кон протестите се повеќе се придружуваат граѓани, ученици, студенти, кои категорично се против, зашто, како што велат тоа значи смрт за нацијата, јави дописникот на МИА од Тирана.
Во меѓувреме најавено е дека премиерот Еди Рама, попладнево ќе се обрати до јавноста и ќе ја каже конечната одлука.Албанската опозиција предводена од демократите, која е против уништувањето на сириското хемиско оружје да биде во Албанија, донесе одлука на протестите да не присуствува ни еден пратеник или партиски функционер, со цел тие да не добијат политичка конотација.
XS
SM
MD
LG