Достапни линкови

logo-print

12 имигранти се удавиле кај грчкиот остров Лефкада


Дванаесет илегални имигранти се удавиле во близина на грчкиот остров Лефкада, откако бродот со кој патувале се превртил. Меѓу жртвите четири се деца.
Се претпоставува дека имигрантите се сириски бегалци, јави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Спасени се 15 луѓе, а крајбрежната стража продолжува со потрагата по преживеани. Спасувачката операција почнала кога еден од имигрантите по мобилен телефон ја известил крајбрежната стража за несреќата.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека се уште не знае колку луѓе се превезувале во осумметарскиот пластичен брод. Се претпоставува дека имигрантите сакале да стигнат до Италија.
XS
SM
MD
LG