Достапни линкови

Во Тетово пронајдени илегални имигранти


Полициски службеници на СВР Тетово, денеска открија илегален транзитен центар за сместување странски државјани, повеќето од соседна Република Албанија.
Во куќа во Тетово, на спиење биле затекнати 10 албански државјани, претежно од градот Кукс, на возраст од 17 до 48 години.
МВР денеска соопшти дека во друга просторија пронајдени се и 17 патни исправи, од кои само две припаѓале на затекнатите, а другите патни исправи припаѓале на лица кои веќе престојувале и кои потоа најверојатно илегално ја напуштиле нашата земја.
XS
SM
MD
LG