Достапни линкови

logo-print

Кили доби 1 година затвор


Актерот Кирил Поп Христов денеска е осуден на една година затворска казна за производство и пуштање во промет марихуана. До правосилноста на пресудата тој ќе остане во домашен притвор.
Во својата одбрана Кили рече дека бил свесен оти прави кривично дело, со образложение дека произведувал марихуана за лекување на карциномот кој му бил дијагностициран.
Неговиот адвокат Владимир Данаилов рече дека канабис индика сé почесто се користи за лекување на канцерогени лезии и за лекување Алцхајмерова болест и дека во повеќе држави е легализирана.
Поп-Христов беше уапсен пред неколку месеци откако во неговата куќа беа пронајдени десетици саксии марихуана.
XS
SM
MD
LG