Достапни линкови

Во организација на МАНУ, конференција за толеранција


Говорот на омраза е повредување на правото на човечко достоинство. Омразата на дело, пак, води до повредување на основните човекови права. Затоа борбата против говорот на омраза е дел од мисијата за заштита и за промовирање на човековите права.
Ова денеска го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето пред присутните на Националната конференција за политички и меѓурелигиски дијалог и култура на толеранција која се одржува во организација на МАНУ.
Претседателот на МАНУ, Владо Камбовски рече дека правото на толеранција, подразбирајќи потполно уважување на постоечките разлики меѓу луѓето врз национална, етничка, верска, политичка, социјална или која и да е друга основа, подразбира дијалог и разбирање, но и должност за нетолеранција кон каква било неправда, дискриминација или насилство спрема другиот.
Шефот на мисијата на ОБСЕ, Ралф Брет потенцира дека заемното почитување треба да биде основа за односите меѓу различните верски групи и поединци. Меѓуверската толеранција, посочи тој, е суштинска за одржување на стабилноста и за општествен напредок.
Шефот на делегацијата на ЕУ, Аиво Орав рече дека преку толеранција меѓу сите различни групи и конфесии може да се дојде до заеднички успеси. Посочи дека непочитување на слободата на вероисповест или на убедување може да доведе до нетолеранција и тоа се првичните индикатори за потенцијално насилство и конфликт.
XS
SM
MD
LG