Достапни линкови

logo-print

Преговори со ЕУ па решение за името, тешко во декември


Нема гаранција дека земјите-членки во декември ќе прифатат Македонија да почне со преговори без решение за името, но е силен сигнал дека ЕУ е заинтересирана Македонија да покаже напредок во овој процес, вели вицепремиерот Бесими.

Европската унија нема механизми, но има форми и начини на кои може да помогне во процесот и ние бараме нивен поголем ангажман за да се помогне воспоставување на поинтензивен дијалог на повисоко ниво и со одредена временска агенда усогласена со европската да се постигне напредок во преговорите за името, посочува вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими.
Ова не е гаранција дека земјите-членки во декември ќе го прифатат тоа, ние да почнеме со преговори без решение за името, но е силен сигнал дека ЕУ е заинтересирана Македонија да покаже напредок во овој процес.

Резултат на ова е речникот употребен во годинашниот извештај каде што се покажува расположение да се отворат поглавјата 23 и 24 и да се утврди временска рамка за изнаоѓање решение за името во рана фаза од преговорите, вели Бесими во интервјуто што во целост ќе го емитуваме в недела.
Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и вицепремиерот Фатмир Бесими.

Архивска фотографија: Еврокомесарот за проширување Штефан Филе и вицепремиерот Фатмир Бесими.


„Ова не е гаранција дека земјите-членки во декември ќе го прифатат тоа, ние да почнеме со преговори без решение за името, но е силен сигнал дека ЕУ е заинтересирана Македонија да покаже напредок во овој процес“, истакнува Бесими.
Под интерес не подразбирам дека ќе отпатува премиерот и ќе се ракува со некого, туку конкретно да се отвори дебата во државата за конкретен предлог. Значи, временска рамка вие може да ставите на предлог, не може да ставите на нешто непостоечко.

За Лидија Димова од Советот за евроинтеграции на СДСМ, покажаното расположение на повеќе европски држави да помогнат во надминувањето на македонско-грчкиот спор е евидентно, но не и нешто што влева големи надежи со оглед на тоа што неговото решавање зависи од македонските и од грчките институции. Она што е поважно за нас, вели Димова, е тоа што македонските власти во моментов не покажуваат интерес за надминување на спорот кој би требало да се манифестира во периодот пред декемврискиот самит, а кој би требало да содржи конкретни потези.

„Под интерес не подразбирам дека ќе отпатува премиерот и ќе се ракува со некого, туку конкретно да се отвори дебата во државата за конкретен предлог. Значи, временска рамка вие може да ставите на предлог, не може да ставите на нешто непостоечко“, вели Димова.

Преку дипломатска офанзива, најавија македонските власти, ќе се обидат да ги убедат до декември земјите членки на ЕУ да гласаат за добивање датум за отпочнување преговори. Известувачот за Македонија во ЕП, по објавувањето на извештајот, пренесе дека незадоволството од исполнувањето на политичките критериуми во земјава е проширено кај повеќе од државите членки на ЕУ.

Вицепремиерот за евроинтеграции не сака да лицитира со имињата на државите кај кои растат сомнежите, но вели дека е точно оти политичките критериуми се причината за ваквата атмосфера што на периоди ја доведуваше, како што вели, во прашање и повторената препорака во извештајот.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG