Достапни линкови

Европската комисија ќе предложи укинување на визите за Молдавија


Европската комисија се очекува денеска да препорача укинување на визите за граѓаните на Молдавија кои имаат биометриски пасоши. Оваа препорака веројатно ќе биде прифатена на самитот на Европската Унија за Источното партнерство, кон крајот на месецов во Вилнус, но пред да стапи во сила, треба да биде изгласана во Европскиот парламент и во земјите членки на ЕУ. Во врска со можноста од безвизен режим за Грузија и Украина, комисијата оценува дека двете земји направиле прогрес, но оти треба да довршат некои реформи.
XS
SM
MD
LG