Достапни линкови

Северна Кореја негира дека ѝ обезбедува воена помош на Сирија


Сирија.

Сирија.

Северна Кореја ги негира медиумските извештаи дека ѝ обезбедува воена помош на Сирија, објави синоќа тамошната државна новинска агенција КЦНА. Израелскиот весник Јерусалим Пост во октомври објави дека 15 севернокорејски пилоти на хеликоптери работат во Сирија на страна на режимот на претседателот Башар ал-Асад. Оваа информација, според весникот, е потврдена од Сириската опсерваторија за човекови права во Лондон. Според други извештаи, севернокорејски артилериски офицери се во Сирија, но оти не учествуваат директно во борбените дејствија. Сирија е еден од малкуте блиски сојузници на Северна Кореја. Пјонгјанг изгради реактор на плутониум во Сирија кој беше уништен во израелски напад во 2007 година. Северна Кореја исто така е поврзана со сириската програма за хемиско оружје.
XS
SM
MD
LG