Достапни линкови

Убиен висок командант на бунтовниците во Сирија


Сирија, Алепо.

Сирија, Алепо.

Висок командант на бунтовниците во Сирија бил убиен. Опозициските активисти велат дека Јусеф ал-Абас бил убиен во воздушни напади од страна на владините сили во северниот град Алепо. Опозиската Нуз Нетворк соопшти дека во нападот биле повредени уште двајца други команданти кои биле однесени во болница во Турција. Во Алепо се одвиваат тешки борби, откако силите лојални на претседателот Башар ал-Асад, поддржани од шиитската милиција од Ирак и либанската партија Хезболах, започна офанзива пред две недели за повторно да ги заземат областите во градот кои се под бунтовниците.
XS
SM
MD
LG