Достапни линкови

Дачиќ - странските мисии треба што подолго да останат во Косово


Мисиите ЕУЛЕКС, КФОР и УНМИК треба што подолго да останат во Косово за да го гарантираат мирот и безбедноста на сите граѓани, особено на Србите, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ на средбата со шефот на мисијата на ЕУ во Косово- ЕУЛЕКС, Бернд Борхар.

„Ние сме против намалувањето на компетенциите и функциите на УНМИК, ЕУЛЕКС и КФОР, како што предлага Приштина, затоа што Србите немаат доволно доверба во органите на власта на Приштина, рече Дачиќ.

Тој посочи дела „независно од тоа што Србија имаше резерви во однос на доаѓањето на ЕУЛЕКС во Косово, смета дека во овој момент е важно оваа мисија да остане, и да не се намалуваат нејзинииот состав и компетенции.
XS
SM
MD
LG