Достапни линкови

logo-print

САД - Русија ги притиска источно-европските земји


Потткомитетот за европски прашања во Комитетот за надворешни односи во американскиот Сенат ја критикуваше Русија за „значителен притисок“ врз источно-европските земји кои сакаат да се приклучат на Европската унија. Крис Марфи, кој го предводи Комитетот, рече дека Белорусија, Молдавија, Украина, Азербејџан, Ерменија и Грузија, земји кои се стремат да бидат дел од ЕУ, треба слободно самите да си го изберат курсот по кој ќе се движат. Тој рече дека руската забрана за увоз од Молдавија, Белорусија и Украина покажува дека Москва на ситуацијата гледа како на израмнување на сметките. На расправата, членовите на комисијата и поставуваа прашања на помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд за тоа дали земјите постигнале доволно напредок во области како што се владеење на правото, транспарентност на власта и отворени економски политики, за да може да им се гарантира американска поддршка во нивните евро-атлантски аспирации.
XS
SM
MD
LG