Достапни линкови

Европа прва имала кучиња домашни миленици


Кучињата првпат станале домашни миленици на луѓето во праисториска Европа, покажува една нова студија што вчера беше објавена во журналот Сајенс(Наука). Научниците генерално се согласуваат дека кучињата се први животни припитомени од луѓето. Сепак, досега тие веруваа дека тоа веројатно се случило во Источна Азија или на Блискиот Исток. Новото истражување, во кое со споредување на фрагменти од ДНК од фосили од праисториски волци и кучиња со ДНК од модерните кучиња, покажува дека луѓето научиле како да ги скротат опасните волци пред меѓу 19 илјади и 32 илјади години во Европа.
XS
SM
MD
LG