Достапни линкови

logo-print

Вардар подобар од Металург


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Во историскиот натпревар од Лигата на шампионите каде првпат две ракометни екипи од ист град имаа пресметка во елитното натпреварување, синоќа во Скопје, Вардар го совлада Металург со 27:22.

Со овој триумф македонскиот шампион Вардар се изедначи со Металург по бројот на бодовите и сега двата македонски тима имаат по 6 бодови. Барселона со 9 бодови е лидер на табелата.

Двете македонски екипи за 10 дена ќе одиграат уште еден дуел во Лигата на шампионите. Тогаш, на 24 ноември, во 6 коло, улогата на домаќин ќе ја има Вардар.

На првиот натпревар од петтата рунда одигран во Минск, Барселона со 35:25 го совлада Динамо. Кирил Лазаров му даде седум погодоци на белорускиот претставник и беше втор стрелец во Барселона, зад Сергеј Рутенка кој постигна осум голови.
XS
SM
MD
LG