Достапни линкови

logo-print

ЕУ повторно ја предупреди Украина


Александар Квашњевски

Александар Квашњевски

Високиот пратеник на Европската унија Александар Квашњевски денеска ја предупреди Укрaина да не ја пропушта шансата и да го потпише клучниот договор со Унијата на самитот во Вилнус кон крајот на месецов. Тој ова го рече откако украинскиот парламент вчера не успеа да го донесе законот со кој на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко ќе и се дозволи да замине на медицински третман во странство. Тоа е условот што го постави Брисел за да може Украина да го потпише договорот за асоцијација и слободна трговија со Унијата.
XS
SM
MD
LG