Достапни линкови

Дневен печат - Што е поголем скандал?


Недостигаат артефакти од Музејот на Македонија, урнат е споменикот на стреланите на 13 ноември на Камениот мост, Скопје е енормно загадено.

Што е поголем скандал? Дека недостигаат 80 артефакти од депото на Музејот на Македонија, за што пишуваат Дневник, Утрински и Вечер, или дека Советот за радиодифузија од 1999 до 2005 година поделил, ни помалку ни повеќе, туку 11 милиони евра, пари од буџетот, односно народни пари, на приватни новинарски продукции, телевизии и радија за разно разни проекти, од кои некои воопшто и не се изработени.
Гас-маска за зимската сезона во Скопје - веќе ниту дождот не го спасува главниот град од тешкиот мирис на прашина, изгорено и хемикалии.
Утрински весник.

Дневник во насловот вели: „Дупната вреќа“. Советот го тужел Александар Чомовски кој со камати му должел 90 илјади евра, како што весникот детално пишува за случајот, а овој тврди дека проектот бил готов, но Советот се плашел да го понуди на некоја телевизија.

Опозицијата овојпат има најмалку противаргументи.
Дневник.
Или скандалот со уривањето на споменикот на стреланите скопјани на 13 ноември, за време на војната, до Камениот мост - обележјето е урнато при изведувањето на градежните работи за новите објекти на плоштадот Филип Втори, ама надлежните не знаат кој го урнал и кога ќе се постави ново спомен-обележје, пишуваат Утрински и Дневник. Утрински информира и дека градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски поднесол кривична пријава против непознат сторител. Но, како што постојано велиме, Македонија и сè е можно, ваквите скандали се редовна појава со години наназад, а граѓаните изгледа се навикнаа, па на нив реагираат со кревање раменици.

Утрински, инаку, пренесува подолга статија од угледниот германски „Шпигел“ за Скопје, под наслов: „Скопје тоне во кич“.

Исто така Утрински ја третира темата за енормното загадување на воздухот во Скопје, па насловува: „Гас-маска за зимската сезона во Скопје - веќе ниту дождот не го спасува главниот град од тешкиот мирис на прашина, изгорено и хемикалии“.

Почна комисиската расправа за новиот буџет, Ставревски вели: „Опозицијата овојпат има најмалку противаргументи“ - како што објавува Дневник, а Утрински пишува: „Владата и опозицијата во клинч за буџетот - опозицијата вели дека в година, сиромашните ќе бидат уште посиромашни, а богатите уште побогати“. Дневник во наслов пишува: „Опозицијата поднесе 684 амандмани за новиот буџет“.

Вечер го интересира „Дали СДСМ ќе собере сили да остане најголемата опозициска партија?“.

Нова Македонија анализира како се доживува ЕУ во регионот па заклучува дека граѓаните на неа гледаат како на институција што треба да ги воспита домашните политичари да владеат правилно, да ги доведе во ред и да не бидат корумпирани. И Утрински и Дневник информираат дека сириското хемиско оружје ќе се уништува во албанскиот град Елбасан, кој е на само 60 км. од македонската граница и дека наши експерти веќе предупредиле на опасноста од ширење на штетни честитки на наша територија.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG