Достапни линкови

logo-print

Се што преземаме и работиме заедно е со цел Македонија да биде подготвена кога ќе дојде време за интеграција во НАТО, изјави високиот претставник на Пентагон Евелин Фаркас при посетата на Скопје.

Приоритет останува ангажманот за полноправно членство на Македонија во НАТО и ЕУ, изјави министерот за одбрана Талат Џафери по средбата со заменик-помошникот на Секретарот за одбрана на САД за Русија, Украина и Евроазија, Евелин Фаркас. Посветеноста за членство, земјата го покажува со учество во мисиите предводени од Алијансата и од Унијата, изјави Џафери.
Разменивме искуства и идеи по однос на подготвеноста за наша соработка со националната Гарда од Вермонт и Сенегал.

„Разменивме искуства и идеи по однос на подготвеноста за наша соработка тролатерална, во смисла соработка на нашата Армија на Република Македонија со националната Гарда од Вермонт како партнер на нашата Армија и Сенегал кадешто во иднина, во можна мисија би била ангажирана Армијата да допринесе во преносот на стекнатите знаења.“

Високиот функционер на Пентагон и се заблагодари на Македонија за учеството во мисиите на НАТО, како еден постојан и континуиран партнер, во Авганистан и во други операции. Фаркас порача дека и е задоволство да дискутира со властите за натамошната поддршка што може да и ја обезбедат на Макеоднија и за искажаниот интерес околу учеството на земјата во операциите на ЕУ.

„Се разбира се што преземаме и работиме заедно е со цел да се зајкне одбраната на Македонија за земјата да биде подготвена кога ќе дојде време за интеграција во НАТО“.

Предвидено е Фаркас да остсе сретне и со претседателот Ѓорге Иванов.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG