Достапни линкови

39 мртви во напади во Ирак


Бомбаш самоубиец се разнесе во Ирак и притоа уби најмалку 30, а рани 65 шиитски муслимани во ал Садиџа.
Во друг напад кај Хафрија 50 километри јужно од Багдад две бомби симултано експлодираа при што загинаа најмалку 9 шиитски аџии.
Верниците во тоа време во шатор вршеле верски обред. Шиитите во Ирак и во светот ја слават Ашура и пешачат кон градот Карбала во Ирак – настан што често се користи за напад од страна на екстремните сунити.
Над 7 илјади луѓем загинаа годинава во Ирак како последица на верските насилства.
XS
SM
MD
LG