Достапни линкови

ЕУ со забавен раст во третиот квартал


Економското опоравување во еврозоната е забавено на 0,1 насто во третиот квартал. Претходно растежот беше 0.3 насто. Германија, според Евростат од 0,7 во вториот паднала на 0,3 насто растеж во третиот квартал од 2013 година. По 18 месеци рецесија еврозоната за прв пат порасна во вториот квартал и се очекуваше дека трендот ќе продолжи со исто темпо. Еуростат објави и дека на нивото на целата ЕУ растежот во вториот квартал беше 0,3 а во третиот 0,2 насто.
XS
SM
MD
LG