Достапни линкови

Комисиската расправа за буџетот продолжува


Во Собранието на Република Македонија денеска ќе продолжи седницата на Комисијата за финансирање и буџет на која на дневен ред е Предлог-буџетот за 2014 година. Комисиската расправа започна вчера, а поднесени се 684 амандмани од опозициските пратеници.

Според проектираното, буџетот за следната година ќе изнесува 176,5 милијарда денари. Приходите се планирани на 158 милијарди и 200 милиони, а буџетскиот дефицит 3,5 проценти и ќе се финансира од домашни и од странски извори.

И на приходната и на расходната страна има зголемување за 7 проценти во однос на годинашниот буџет. Растот на БДП е проектиран на 3,2 проценти, а инфлацијата на 3,3 проценти. Нивото на буџетскиот дефицит, според проекците, ќе изнесува 3,5 проценти.
XS
SM
MD
LG