Достапни линкови

Нуланд: Спорот за името зависи од лидерите


Во претставувањето на своите приоритети, новиот помошник државен секретар за Европа Викторија Нуланд изјави дека во минатото лично вложила многу енергија во надминување на спорот меѓу Македонија и Грција, но во овој момент одлуката е на двете држави, а не на САД.

„Верувам дека има две или повеќе формулации кои би требало да можат да бидат прифатливи за двете страни. Станува збор за дијалог, лидерство и избор на двете страни“,

изјави Нуланд посочувајќи дека САД ќе продолжат да го подржуваат процесот на Нимиц. Нуланд, беше американски амбасадор во НАТО за време на самитот во Букурешт и со тоа директно вклучена во разговорите за прием на Македонија.
XS
SM
MD
LG