Достапни линкови

Кери бара од Конгресот да не воведува нови санкции против Иран


Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека секаков потег на Конгресот за воведување нови санкции спрема Иран би можел да ги попречи започнатите дипломатски напори да се најде мирно решение за спорот околу иранската нуклеарна програма. Кери ова го рече пред затворениот состанок со Комитетот за банкарство на Сенатот, кој разгледува нови казни за Техеран. Кери истакна дека САД и другите светски сили поддржуваат привремен договор со Иран кој би овозможил ограничено олеснување на санкциите во замена за извесни нуклеарни отстапки.
Претходно претседавачот на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом Ед Ројс изјави дека иранскиот режим не ја стопирал нуклеарната програма, па не гледа причина зошто Америка би ги запрела санкциите.
Демократите и Републиканците во Конгресот се поделени во врска со тоа дали да и допуштат повеќе време на дипломатијата.
XS
SM
MD
LG