Достапни линкови

САД се откажаа од купување руски хеликоптери


САД веќе нема да купуваат хеликоптери од руска компанија која ја снабдува со оружје и сириската влада. Секретаријатот за одбрана беше подготвен да купи 15 хеликоптери Ми-17 за 345 милиони долари од Рособоронекспорт и да ги достави до авганистанските сили за национална безбедност. Меѓутоа, вчера Секретаријатот соопшти дека се откажува од тој план, иако нема детали за причините. Републиканскиот сенатор Џон Корнин вчера изјави дека ја поздравува одлуката. Аналитичарите велат дека противењето на договорот со руската компанија кај американските законодавци било се поголемо.
XS
SM
MD
LG