Достапни линкови

Грција - 160 милиони евра од ЕУ за вработување на младите


Грција ќе добие 160 милиони евра од Европската унија во рамки на Иницијативата за вработување млади, објави весникот „Катимерини“.
Кипар, исто така, за истиот проект ќе добие над 10 милиони евра.
Иницијативата, што беше предложена од Европскиот совет во февруари 2013 година, има буџет од шест милијарди евра за периодот 2014-2020 година.
Средствата ќе бидат дадени од 1 јануари 2014 година и ќе бидат искористени за програми за вработување, продолжување на образованието и обука во земјите-членки на ЕУ во кои нивото на невработеност меѓу младите надминува 25 проценти.
Невработеноста меѓу младите во Грција изнеснува 59 насто, а вкупната невработеност во земјата изнесува 27 насто.
XS
SM
MD
LG