Достапни линкови

Груевски се сретна со Пахор


Премиерот Никола Груевски во рамки на посетата на Словенија попладнево се сретна со словенечкиот претседател Борут Пахор при што беа констатирани одличните пријателски односи, кои бележат постојан пораст и остварување на дијалог на највисоко ниво. На средбата, јави МИА, изразена е заедничка заложба за унапредување на економската соработка преку зголемување на трговската размена, соработка на полето на инвестициите и можноста да се вложува во повеќе специфични области каде постои капацитет за тоа.Премиерот Груевски го информираше словенечкиот претседател за реформите и напорите што ги прави Република Македонија на полето на интеграциите во ЕУ и НАТО.Словенечкиот претседател изрази силна поддршка на интеграциските процеси на државата истакнувајќи дека лично ќе се заложи за лобирање на тој план.
XS
SM
MD
LG