Достапни линкови

НБРМ: Економијата закрепнува, но се уште има ризици


Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија не очекува поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика. Остварувањата во реалниот сектор во првата половина од годината беа подобри од очекуваните. Како резултат на ова, како и поради фактот што се очекува натамошна поддршка на растот преку странските и јавните инвестиции, се предвидува повисок економски раст за 2013 година очекува НБРМ.
Според динамиката во следните две години, и натаму се очекува зголемување на дефицитот во тековната сметка, делумно заради увозните притисоци од инвестициите.
Во 2013 година кредитната поддршка на економијата е малку послаба од очекувањата, имајќи предвид дека банките се уште се воздржуваат од кредитирање,
Бидејќи глобалното закрепнување се уште е неизвесно, постојат ризици за надворешната позиција на економијата, кои можат да се прелеат преку повеќе пунктови. Базичната инфлација и натаму е релативно висока што упатува на потреба од поголема претпазливост.
Овие ризици бараат постојано следење на евентуалните промени во надворешните и домашните економски услови во наредниот период и навремено преземање соодветни мерки, посочува НБРМ.
Ликвидноста на македонскиот банкарски систем и во октомври е на стабилно ниво.
XS
SM
MD
LG