Достапни линкови

Има ли цензура во украинската верзија на Форбс?


Над половина од редакцијата на украинската јазична верзија на "Форбс" поднесе оставка, протестирајќи поради цензура од страна на новото раководство на списанието.
Барис Давиденко, уредник во украинската верзија на "Форбс" денеска изјави дека дека тој и 13 други новинари поднесле оставка по истрага за еден од советниците на првиот заменик премиер Сергеј Арбузов која беше отфрлена од новиот главен уредик, Маихајло Котов.
Се верува дека Арбузов има врски со новиот сопственик на списанието, милионерот Сергеј Куршченко.
Давиденко изјави дека Котов рекол оти новинарите ќе добијат листа на теми кои никогаш не треба да бидат покриени.
Котов негираше дека има цензура и изјави оти новинарите се против новиот сопственик. Украинската верзија на "Форбс" започна да работи во 2011 година.
XS
SM
MD
LG