Достапни линкови

СДСМ ќе го укине екстерното тестирање


Претседателот на СДСМ Зоран Заев, денеска од Штип, најави неколку мерки во областа на образованието, интегрален дел од новата политичка програма на најголемата опозициона партија.
Овој дел од програмата е насловен „Да инвестираме во иднината а не во минатото“, рече Заев, наведувајки дека станува збор за мерки за поефикасно и помодерно образование.
СДСМ во образованието ќе воведе политика на наградување и мотивирање на наставниците и училиштата наместо притисок и инспекции како во изминатите години со цел изградба на нови генерации здрави личности и наместо политика на казни.
Меѓу другото СДСМ планира укинување на екстерното тестирање.
XS
SM
MD
LG