Достапни линкови

logo-print

Развоен буџет или промашени приоритети?


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Македонија има четврти најдобар економски резултат во Европа во првата половина од годинава, се пофали Ставрески. Зошто трошите повеќе пари за Стариот театар, отколку за гасификација, праша Марјанчо Николов од СДСМ.

Дискусијата се одвива во релативно мирна атмосфера, имајќи предвид дека дел од членовите на Комисијата за финансирање буџет не се воздржуваат од дофрлање од клупите. Министерот за финансии Зоран Ставрески првично се наврати на резултатите од економските политики на владата.
Добро е да се слушне дека Република Македонија, со остварениот раст од 3,4 проценти во првите шест месеци од оваа година, има четврти најдобар економски резултат во Европа.

„Добро е да се слушне дека Република Македонија, со остварениот раст од 3,4 проценти во првите шест месеци од оваа година, има четврти најдобар економски резултат во Европа“, вели министерот.
Архивска фотографија.

Архивска фотографија.


Догодинешниот буџет, според Ставрески, е развоен, имајќи ги предвид планираните капитални инвестиции.

„Капиталните инвестиции за следната година се позиционирани на ниво од 22 милијарди и 389 милиони денари, што претставува 20 проценти повеќе во однос на оваа година“, рече Ставрески.
Зошто во буџетот имате предвидено повеќе пари за Стариот театар, 399 милиони денари, отколку за гасификација, 250 милиони денари.

Како сметате дека економските политики се успешни ако богатите во Македонија располагаат со 49 проценти или речиси половина од доходот, прашува пратеникот на опозициската СДСМ Марјанчо Николов.

„Зошто едно семејство со две минимални плати не може да си ги покрие минималните животни трошоци“, праша пратеникот.

Буџетот сте си го направиле да изгледа убаво, но тој ќе допринесе за поголема беда за граѓаните, вели Николов.

„Зошто во буџетот имате предвидено повеќе пари за Стариот театар, 399 милиони денари, отколку за гасификација, 250 милиони денари“, праша Николов.

Ставрески во репликата се наврати на меѓународните проценки за македонската економија и странските инвестиции, со регрес кон „времето на СДСМ“ од пред 7 години.

„Колку автопати изградивте, колку училишта изградивте, кои болници ги изградивте, која опрема ја купивте за болниците? Значи, каде одеа парите, ако сакате да ве прашам“, рече Ставрески.

Ако дебатираме сериозно, не ми одговоривте зошто повеќе пари ќе давате за административни згради отколку за гасификација, праша Николов.

„Нели е подобро сите граѓани да имаат бенефит од тие инвестиции, отколку владините служби, државната администрација да седи во удобните фотелји“, рече Николов.

Една бројка не кажувате, а констатирате дека трошиме расипнички, вели Ставрески.

„Сакате да ви кажам што помогнавме други? Еве ќе ви кажам, 227 милиони евра од поволната кредитна линија од ЕИБ завршија кај македонските мали и средни фирми“, рече Ставрески.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG