Достапни линкови

Осум шиитски верници убиени во Ирак


Во три координирани експлозии на истокот на Ирак чија цел биле шиитски верници кои денеска го одбележуваат верскиот празник Ашура, биле убиени најмалку осум луѓе, соопштија ирачките власти. Се прецизира дека трите бомби експлодирале истовремено во градот Бакуба во близина на шиитските верници кои ја одбележуваат смртта на внукот на пророкот Мухамед, имамот Хусеин во 7 век. Меѓу жртвите имало и две деца. Бакуба порано важеше за главно упориште на Ал Каеда во Ирак.
XS
SM
MD
LG