Достапни линкови

Во Словенија разговори Груевски Братушек


словенечката премиерка Аленка Братушек

словенечката премиерка Аленка Братушек

„Словенија како до денес, така и во иднина ќе ја поддржува Македонија и другите земји на Балканот во нивните напори за приближување кон ЕУ“. Ова го изјави словенечката премиерка Аленка Братушек по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски во Брдо кај Крањ. Груевски од своја страна, потенцира дека Македонија во Словенија гледа искрен поддржувач на полето на европските и евроатланските интеграции и активните реформи. За време на престојот тој ќе се сретне со шефот на државата Борут Пахор, како и со претседателот на Собранието Јанко Вебер. Предвидено е и потпишување Меморандум за соработка од областа на спортот.
XS
SM
MD
LG