Достапни линкови

logo-print

Полскиот претседател се извини за антируските нереди


Полскиот претседател Бронислав Коморовски и се извини на Русија за антируските нереди во Варшава. Во интервју за полското радио ЗЕТ тој изјави дека со ништо не може да се оправда таквото однесување. Крајнодесничарски демонстранти во понеделникот, за време на полскиот Ден на независноста фрлаа петарди кон руската амбасада во Варшава, ја запалија стражарската кабина и се обидоа да ја прескокнат оградата. Во меѓувреме, денеска во Москва беа приведени четири лица откако почнале да фрлаат петарди кон полската амбасада.
XS
SM
MD
LG