Достапни линкови

Донација на САД за Граничната полиција и Царината


Американскиот амбасадор Пол Волерс и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Американскиот амбасадор Пол Волерс и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска

Американска донација вредна околу половина милион долари денеска и беше предадена на Гранична полиција и на Царинската управа на Македонија. „Безбедните граници многу придонесуваат за внатрешната и регионалната безбедност. Опремата ќе го зголеми капацитетот на двете гранични служби на многу начини и тоа во спроведување граничен надзор, патролирање и попречување на легални активности, борба против граничен криминал и тероризам, откривање радијација, идентификација на оружје за масовно уништување и спроведување примарен и секундарен преглед на граничните премини“, рече американскиот амбасадор Пол Волерс. Донацијата вклучува уреди за надзор во ноќни услови, термални визири, инструменти за вршење преглед, камери за надзор, ГПС-уреди, детектори за радијација и две патролни возила.
XS
SM
MD
LG