Достапни линкови

Македонско грчки бизнис форум во Атина


Во Атина на 17 декември за првпат ќе се одржи грчко-македонски бизнис форум, јави МИА. Форумот го организираат Атинската Комора за трговија и индустрија и македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот и Стопанската комора на Македонија. Целта на форумот е да се истражи потенцијалот за натамошен развој на трговската размена меѓу двете земји. Грчките медуми додаваат дека, според македонскиот Завод за статистика, Грција и е втор трговски партнер на Македонија. Во првите девет месеци од годинава трговската размена изнесувала 662 милиони долари. Извозот од Македонија во Грција бил 163 милиони долари, додека увозот од Грција 499 милиони долари.
XS
SM
MD
LG