Достапни линкови

Во тајфунот на Филипините загинале 2275 луѓе


Официјалната бројка на загинатите од катастрофалниот тајфун што ги погоди Филипините изнесува 2275 луѓе, 80 се водат за исчезнати, а 3655 биле повредени, соопштија денеска властите на таа земја. Во меѓувреме, новинските агенции јавија дека осуммина загинале откако илјадници луѓе влегле во едно складиште со ориз. До несреќата дошло во моментот кога дел од складишето се урнало. Тајфунот Хаијан остави десетици илјади луѓе без храна и без покрив над главата.
XS
SM
MD
LG