Достапни линкови

Украинскиот парламент не гласаше за Тимошенко


Украинскиот парламент ја заврши вонредната седница без согласност околу законот со кој ќе и се дозволи на затворената премиерка Јулија Тимошенко да патува во Германија на медициснки третман. На сесијата присуствуваа и пратениците на Европската унија Александар Квашњевски и Пат Кокс. Денеска беше последниот рок што Унијата и го постави на Украина да се изјасни за ова прашање. Брисел се закани дека доколку законот не помине тогаш нема да биде потпишан договорот за слободна трговија меѓу двете страни. Европската унија до 18 овој месец треба да реши дали тој договор ќе биде потпишан на самитот на Источното партнерство што на 28 и 29 идниот месец ќе се одржи во Вилнус.
XS
SM
MD
LG