Достапни линкови

Чичек: Македонија има право за уставното име на меѓународна сцена


претседателот на турското Собрание Џемил Чичек

претседателот на турското Собрание Џемил Чичек

Турција силно ги поддржува напорите на Македонија за членство во НАТО и во Европската унија и нејзиното право да го користи своето уставно име на меѓународна сцена, изјавил претседателот на турското Големо национално Собрание Џемил Чичек на вчерашната средба во Анкара со претседателот на Пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Турција Кенан Хасипи. Чичек нагласил дека Турција се залага за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, оценувајќи оти стабилноста и прогресот на Македонија гаранција за мир и напредок на Балкан.
XS
SM
MD
LG