Достапни линкови

Контроверзи со новите членки на Советот за човекови права


Генералното собрание на Обединетите нации избра 14 нови членки на Советот за човекови права кој добива се поголема дипломатска важност во светот. Меѓу нив е и Македонија. Сепак, изборот на Кина, Русија, Саудиска Арабија и Куба, според активистите за човекови права, го нарушува кредибилитетот на оваа тело.

Новиот состав на Советот за човекови права со седиште во Женева во кој има 47 членки ја почнува работата на 1 јануари и ќе биде еден од најподелените откако е создаден во 2006 година.

Меѓу новите членки се избрани и земји кои немаат позитивни оценки во почитувањето на овие права.
Логото на Советот за човекови права

Логото на Советот за човекови права


„Со враќањето на Кина, Русија, Саудиска Арабија и Куба бранителите на човекови права ќе имаат поголеми тешкотии да се борат во самиот Совет“, вели Пеги Хикс, директор во Хјуман Рајтс Воч, додавајќи дека земјите кои навистина се посветени во застапувањето на правата ќе треба да ги дуплираат нивните напори за клучните прашања, како сегашниот конфликт во Сирија.
За Обединетите нации изборот на Саудиска Арабија како светски судија за човекови права е како некој град да избере пироман за шеф на пожарникарите.

Хјуман рајтс воч наведува дека Алжир, Кина и Русија, секоја од нив посебно, десетина пати или повеќе ги одбиле барањата за посети на инспектори за човекови права во нивните земји.

„Овој избор на Генералното собрание потсетува дека важната работа на Советот останува незавршена“ ,смета американскиот амабсадор во Обединетите нации, Саманта Пауер.

Но, експертите останаа разочарани од тоа што Вашингтон и Брисел биле лицемерни и немале забелешки за контроверзните членки.

„Кина, Русија, Куба и Саудиска Арабија систематски ги кршат човековите права на нивните граѓани и постојано погрешно гласаат за нашите иницијативи“, вели Хилел Нојер директор на „Ју Ен Воч“, женевска организација која ги следи активностите на Светската организација.

„За Обединетите нации изборот на Саудиска Арабија како светски судија за човекови права е како некој град да избере пироман за шеф на пожарникарите“, оценува Нојер.
Македонија доби повеќе гласови од Русија 177 спрема 176 кога се гласаше за двете места од Источна Европа.

Според „Ју Ен Воч“ само четири од 16 кандидати за 14 места беа квалификувани да бидат членки на Советот врз основа на нивните оценки за човекови права. Тоа се Британија, Франција, Македонија и Мексико. Во Советот не беа избрани Јужен Судан и Уругвај.

Третина од местата во Советот секоја година се пополнува со нови кои имаат тригодишен мандат.

Овој пат повеќето од нив беа решени однапред со оглед на тоа што регионалните групи предложија точен број на кандидати предвидени за нивниот регион.

Македонија доби повеќе гласови од Русија 177 спрема 176 кога се гласаше за двете места од Источна Европа.
американскиот амабсадор во Обединетите нации Саманта Пауер

американскиот амабсадор во Обединетите нации Саманта Пауер


Генадиј Гатилов, заменик шеф на руската дипломатија, оценувајќи дека станува збор за добар резултат рече:

„Ќе работиме со цел да ја зацврстиме соработката и дијалогот и да креираме конструктивна работна атмосфера во Советот“, вели Гатилов.

Сите пет постојани членки на Советот за безбедност сега се и во Советот за човекови права со што, според експертите, се зголемува и важноста на ова тело. Тоа особено ако се има предвид дека во Советот за човекови права никој нема право на вето и оти одлуките се донесуваат со мнозинство гласови.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG