Достапни линкови

Лекување на Тимошенко во странство?


Украинскиот парламент се очекува денеска да расправа за закон со кој ќе и се дозволи на затворенета поранешна премиерка Јулија Тимошенко да патува во Германија на медицински третман. Денеска е рокот што во врска со ова прашање на Украина и го постави Европската унија. Брисел се закани дека доколку законот не помине тогаш нема да биде потпишан договорот за слободна трговија меѓу двете страни. Европската унија до 18 овој месец треба да реши дали тој договор ќе биде потпишан на самитот на Источното партнерство што на 28 и 29 идниот месец ќе се одржи во Вилнус.
XS
SM
MD
LG