Достапни линкови

logo-print

Донација на САД за Граничната полиција


Американскиот амбасадор Пол Волерс

Американскиот амбасадор Пол Волерс

Американскиот амбасадор Пол Волерс заедно со министерот за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, генералниот директор на Царинската управа Ванчо Каргов денеска ќе присуствува на донација на опрема што ќе ја олесни работата на Граничната полиција и на Царинската управа. Опремата вреднa 479.000 американски долари се состои од уреди за ноќно гледање, опрема за термичка обработка на слики, инструменти за инспекција, камери за надзор, ГПС уреди за навигација, детектори за радиоактивност и две патролни возила.
XS
SM
MD
LG